И четврта едноподруго победа на Партизан во Евролигата. Одлична игра на составот на Жељко Обрадовиќ кој го надигра француски Монако победувајќи со 100-80.
Во пресметката на стратезите Обрадовиќ, на крај Жељко го надмудри Саша, кој е на чело на тимот на Монако.
Партизан уште во првиот период од играта наметна ритам за триумф добивајќи ја првата четвртина со 26-17. Гостите успеаја да се вратат во игра, но Партизан со феноменална игра во последната четвртина, која ја доби со 31-12, дојде до конечниот триумф од цели 20 поени разлика (100-80).
Матијас Лесорт беше најдобар кај Партизан со 21 поен и осум скока, а Кевин Пантер заврши со 19 поени. Кај гостите се издвои Окобо со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА