Поранешниот голман на Пелистер, Милош Драгојевиќ доби дополнителен повик да настапува за селекцијата на Црна Гора. Драгојевиќ во 2015 шест месеци беше дел од битолскиот тим, во миговите кога тимот испадна од Првата лига. Поради тоа што е странец, Драгојевиќ автоматски стана слободен играч, па го напушти тимот и потоа се пресели во Петровац, а од 2016 година е дел од Будуќност.
Тој веќе има еден настап за Црна Гора во пријателски меч, но сега ќе може да настапи и на официјален натпревар. Црна Гора ги почнува квалификациите со Бугарија во четврток, а три дена подоцна игра со Србија на домашен терен.
Драгојевиќ играше на 14 меча за Пелистер, но тогаш не успеа со „зелените“ да обезбеди опстанок. Пелистер заврши како деветопласиран и испадна од Лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА