Со поука од минатото: ПСЖ пред ангажман на замената за Донарума

ПСЖ не сака уште една голема драма и нов случај како оној на Килијан Мбапе во кој ѕвездата на тимот замина бесплатно од „Паркот на принцевите“ па е блиску до ангажман на замената за Џанлуиџи Донарума, италијанскиот голман чиј договор важи до крајот на следната сезона и одбива да стави потпис на нов.

Замената за италијанскиот голман е Лукас Шевалие, 23-годишниот Французин од редовите на Лил кој важи за еден од најперспективните чувари на мрежата.

ПСЖ веќе ги договори личните услови со Шевалие и започна иницијални преговори со Лил за трансфер кој се очекува да биде во износ од 40 милиони евра.

А, доколку Донарума во следниот период не потпише нов договор тој и дефинитивно ќе го напушти актуелниот шампион во Лигата на Шампионите ова лето. Како следна дестинација се споменува Премиерлигата каде постои сериозен интерес од страна на Челси и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...