Фудбалерите на Данска платија приватен авион за Јонас Кнудсен да отпатува дома и да си ја види новородената ќерка. Неговата сопруга, се породи неколку седмици пред предвидениот термин кога Кнудсен веќе беше во Русија со националниот тим. По стартната победа над Перу во првото коло од групниот сегмент на светското првнество, Данците го испратија Кнудсен кај сопругата и новороденчето.
„Сакавме да гледаме од човечката страна. Во тимот има многу татковци. Секогаш треба прво да бидеме луѓе, а потоа фудбалери. И јас сум татко и можам да замислам како му беше на Јонас кога ја доби веста“ – вели голманот на данската репрезентaција, Каспер Шмајхел.
Репрезентацијата на Данска, денеска во второто коло од групата игра против Австралија. Во првата рунда, Данците го победија Перу со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА