Со публика на ЕП: Шпанија и Италија дадоа зелено светло – фанови ќе има на „Сан Мамеш“ и на „Олимпико“

Европската фудбалска федерација (УЕФА) со сите сили се обидува да ја врати публиката на трибините на натпреварите од Европското првенство, а досега им оди многу добро.

Шпанската влада дозволи на стадионот „Сан Мамеш“ да се играат натпреварите од Европското првенство со присуство на 25% од капацитетот на стадионот, така што околу 13. 000 навивачи ќе можат да присуствуваат на натпреварите.

„Сан Мамеш“ во Билбао е домаќин на натпреварите на шпанската репрезентација во дуелите од групната фаза против Шведска (14. јуни), Полска (19. јуни) и Словачка (23. јуни).

Италијанската влада исто така дозволи публика да присуствува на „Олимпико“ во Рим, но сè уште не е познато колку проценет од капацитет на стадионот (73.000) ќе бидат отворени.

На „Олимпико“, репрезентацијата на Италија своите натпревари ќе ги игра против Турција (11. јуни), Швајцарија (16. јуни) и Велс (20. јуни). Последниот натпревар во Рим се игра во четвртфиналето на 3. јули.

Европското првенство се игра од 11. јуни до 11. јули.

Се вчитува...