Со Реал Мадрид освои се, сега ќе игра за второлигаш

Хесус Валејо, 28-годишниот шпански стопер ја заврши десетгодишната кариера како фудбалер на Реал Мадрид и се пресели во редовите на второлигашот Албасете.

Валејо пристигна во Реал Мадрид во 2015 година од Зарагоза, но не успеа да се наметне во „кралскиот клуб“ настапувајќи на само 35 натпревари. Долго време помина на разни позајмици во Ајнтрахт Франкфурт, Зарагоза, Вулверхептон и Гранада, а сега ќе се бори за промоција со новиот клуб.

Валејо во текот на годините се закити со три трофеи на ФИФА Светското клупско првенство, по два трофеи во Лигата на Шампионите, УЕФА Суперкупот и по еден во Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...