Со реми на јужноамериканската класика Бразил и Аргентина се „чекираа“ за Светското првенство

Очекувано, Бразил и Аргентина при од Јужна Америка го осигураа својот пласман на Светското првенство во Катар, а интересно „гаучосите“ го направија тоа откако ремизираа без голови во јужноамериканската класика.

Во прилог на Аргентина беа и остнаатите резултати бидејќи Колумбија ремизираше со 0-0 против Парагвај, а Еквадор го најде решението за Чиле славејќи со 0-2.

Еквадор стигна до предност од 0-1 уште во деветата минута од мечот по голот на Есупинан, а Чиле остана без Видал во 14. минута откако играчот на Интер доби директен црвен картон. Вториот гол за гостите беше постигнат во третата минута од судиското надополнување, а истиот беше дело на Каиседо.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...