Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на репрезентативци за престојниот квалификациски натпревар со Шпанија на 11. јуни во Скопје, и пријателскиот дуел со Турција кој не очекува на 5. јуни.
Со сериозно подмладена селекција, Ангеловски ќе комбинира во јунските пресметки на националниот тим повикувајќи ги младите дебитанти Елиф Елмас од Работнички, Јани Атанасов од Академија Пандев и Амел Рустевски од Грасхоперс. Повторно е повикан и најмладиот дебитант во историјата на македонскиот фудбал, Дарко Чурлинов од германски Келн.
Повторно во македонската селекција се враќа голманот Давид Митов-Нилсон од шведски Норчепинг, кој се враќа по едногодишната пауза поради повреди.
На списокот на Ангеловски се 22 фудбалери, главно со потпора на костурот од претходните наши репрезентативни собири.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО ШПАНИЈА И СО ТУРЦИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА