Со симболичната трка на луѓето кои стојат позади организацијата на „Охрид трчаТ“, преставници од СВР Охрид и медиумските работници започна најголемиот спортски настан во Охрид за оваа година.
„Идејата за ваков настан дојде на еден состанок на кој заклучивме дека ние не ќе можиме да учествуваме, а сакаме на главниот настан на 3 јуни поради работните обврски. После тоа рековме дека треба да го најавиме настанот со ваква трка и на крај дојде до реализација. Следуваат финалните денови од подготовките и вистина работиме со полна пареа за што подобар организираност и презентација на Охрид како спортски град“– изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“.
Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3 јуни е збогатен со многу изненадување и новини, што го доближува до атлетските викенди ширум светот. Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат следниот викенд, односно на 19 мај кога ќе се одржи Ноќната трка.
Пријавувањето за Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ сите заинтересирани можат да го направат на официјалната страна ohridtrcat.mk, најдоцна до 28 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА