Познат е и комплетниот распоред на подготовките на македонската репрезентација за настапот на ЕВРО 2020.
Националниот тим се собира на 25. мај во Скопје каде ќе бидат реализирани подготовките. Со тоа што ќе бидат одиграни два тест-дуели. Најпрво со Словенија на 1. јуни, а потоа и со Казахстан на 4. јуни.
„Според УЕФА, согласно централизираните ТВ-права, сите репрезентации мора пред ЕВРО да одиграат по два натпревари. Па затоа покрај со Словенија ќе одиграме и дуел со Казахстан на 4. јуни. Тој втор натпревар е секако добредојден и сите играчи да добијат поголема минутажа пред настапот на европското првенство“ – истакна Ангеловски.
По пријателскиот натпревар со Казахстан, македонската селекција се сели во Букурешт на 8. јуни каде ќе биде базата на репрезентацијата, за натпреварите со Австрија (13. јуни) и со Украина (17. јуни), а потоа е преселбата во Амстердам за натпреварот со Холандија на 21. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА