Со солзи и лелекање тренерот на Бешикташ ја прими вакцината против корона, Јалчин врескаше како да му ја „дерат кожата“! (ВИДЕО)

Турската фудбалска легенда Серген Јалчин, актуелниот тренер на истанбулскиот великан Бешикташ ја изнасмеа целата спортска јавност откако седнал на „жешкото столче“ да ја прима вакцината против коронавирусот.

Јалчин пред да ја добие вакцината прво се молел на Алах, па почнал да вика кога лекарот го боцнал, чиниш седнал на „дерење на кожата“, па сите почнаа да се смеат на реакцијата на легендарниот фудбалер.

Дополнително Јалчин на видеото прави и гримаси, за сѐ да биде комплетно во – урнебесниот момент.

 

 

Се вчитува...