Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, нашите фудбалски херои“ кои утре патуваат на ЕП во Полска, продефилираа на атлетската патека на нашиот најголем стадион, во пресрет на квалификацискиот дуел меѓу Македонија и Шпанија. Младите фудбалери беа бурно поздравени од фановите со громогласен аплауз.
Нека им е со среќа, на ЕП во Полска, првото големо натпреварување за македонскиот фудбал во нашата историја. Европското првенство почнува на 16.јуни, а еден ден подоцна Македонија ќе игра против соодветната селекција на Шпанија, во првиот дуел од групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА