„Со Тен Хаг како тренер, Манчестер Јунајтед е милиони километри далеку од титулата во Премиерлигата“

Холандскиот тренер на клупата на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг трпи критики и на почетокот на новата сезона во која „црвените ѓаволи“ не изгледаат убедливо.

Славниот англиски клуб има скор од две победи и два порази па Тен Хаг овој пат наиде на критика од страна на поранешниот голгетер Двајт Јорк кој вели дека со Тен Хаг како тренер Манчестер Јунајтед е милиони километри од титулата во Премиерлигата.

„Со Тен Хаг како тренер, Манчестер Јунајтед е милиони километри далеку од титулата во Премиерлигата. Кога зборуваме за Тен Хаг, тоа требаше да биде човекот кој ќе не води напред. Да бидам искрен, после првата сезона сите мислевме дека тое е човекот, но што се случи потоа? Успеавме да го освоиме ФА Купот, тоа е добро за клупските витрини да не останат празни, но треба да се види пошироката слика.

Каде е Манчестер Јунајтед како клуб? Не постои идентитет на тимот, треба да се види како играме, како завршуваме на табелата, колку голови сме дале, а колку сме примиле. Процентот на постигнати голови е најлош во историјата од почетокот на Премиер лигата во 1992-та година. Тоа се факти кои мора да се истакнат“, вели Јорк.

Се вчитува...