Селекторот Благоја Милевски со три измени, во однос на натпреварот во Фарски острови, ќе се спротистави на Ерменија во 2. коло од новата сезона во Лигата Ц во Лигата на нациите на УЕФА.
Давид Бабунски ќе биде во средниот ред како креатор на играта, на местото на Митровски кој стартуваше во Торшавн, на десната бековска позиција ќе биде Ашковски место Илјазовски, и Ѓоко Зајков на централната дефанзивна позиција место Никола Серафимов.
Во офанзивната линија Елиф Елмас ќе биде на левата крилна позиција, на десната страна – Дарко Чурлинов, а како најистурен во нападот сосема очекувано Бојан Миовски. Енис Барди и Исник Алими стандардно ќе бидат во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА