Со три натпревари во Скопје, Гевгелија и Кавадарци продолжува прволигашката кошарка во Македонија

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со три натпревари во Скопје, Гевгелија и Кавадарци кои се од големо значење за тимовите во целта исполнување на амбицијата – опстанок во првенството, односно нови два бода за што поповолна позиција во битката за плеј-оф.

Во тој поглед на југот на Македонија од 18 часот силите ќе си ги одмерат Кожув и Куманово, а во исто време започнуваат и средбите помеѓу ТФТ и Гостивар на „Кале“, односно Еуро Никел и Чаир 2030 во „Јасмин“.

„Елитната“ кошарка продолжува утре со натпреварите помеѓу Пелистер и Академија ФМП, односно Феникс 2010 и Струмица, а 13. коло ќе биде комплетирано во понеделник во СЦ „Јане Сандански“ каде МЗТ Скопје и Работнички ќе се сретнат во 130. вечно дерби.

Се вчитува...