Со Тринкиери никогаш не е здодевно: Што е со Везенков и слободните фрлања…

Андреа Тринкиери со голем успех го води Жалгирис и на стартот од новата сезона, во првото коло ја совлада Барселона, а во второто по голема борба загуби на гостувањето против Олимпијакос.

Литванскиот гигант се врати од огромна негатива, но не успеа да стигне до целосен пресврт, за што клучни според Тринкиери биле судиските одлуки со кои домаќините премногу лесно доаѓале до линијата за слободни фрлања.

„Никој не сака да игра противОлимпијакос, еден од најдобрите тимови во Евролигата, високи се, со долги раце и имаат развиено повеќегодишен систем на игра. Сега повторно го имаат и Везенков, а тој го почнува натпреварот со десет слободни фрлања. Не разбирам што е случајот, само ќе ги погледне судиите и добива две слободни. Буквално е така… потоа ќе погледне на другата страна и ќе добие нови два пенала. Тешко е да се игра така, Олимпијакос изведе 43 слободни фрлања“, прокоментира Тринкиери.

Се вчитува...