Во мундијалските денови, фудбалерите се главните ѕвезди на теренот, а на трибините на СП во Русија, пак, апсолутно главен хит се убавите девојки. Меѓу навивачките на трибините, засега Русинките се апсолутни фаворитки.
Ангелина Качкуркина е руски фото-модел, но деновиве фубалот и е главна преокупација, а сама на себе си ја додели титулата најсекси навивачка на Светското првенство.
За оваа титула на Мундијалот во Русија дефинитивно ќе има голема конкуренција, но Качкуркина смета дека таа титула е нејзина. Атрактивната Русинка тоа го објави на својот Инстаграм профил, „потврдено“ со неколку провокативни фотографии.
Ангелина Качкуркина е страстна навивачка на Локомотива од Москва, а во овие мундијалски денови од трибините и дава поддршка на репрезентацијата на Русија.
На Русите добро им тргна откако на стартот убедливо ја победија Саудиска Арабија со 5-0. А, велат со ваква поддршка, може да стигнат и до шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА