Прилепскиот прволигаш Победа денеска го имаше првиот собир во новата 2018 година, а од утре ќе започне и со тренинзи. Во отсуство на претседателот Ингилизов и шефот на стручниот штаб Бубања кој доаѓа утре, десетина сениори кои останаа во клубот, како и десетина младинци, беа присутни на првиот собир со замениците на Бубања, Вршкоски, Стерјоски и Кебакоски.
Фудбалерите побараа исполнување на ветувањата за исплата на заостанатите обврски. Во меѓувреме Победа ја напуштија Шаркоски, Ристевски, Најдовски, Цветаноски, Илиески, Маневски, Илијовски, Мирчевски, Недановски.
На утрешниот очекуван прв тренинг, кој треба да го води Бубања, ќе бидат присутни двајца интернационалци кои се веќе во Прилеп и ќе бидат на проба. Тоа се 24-годишниот играч за врска Усеин Мунпаин, кој настапувал за аргентинскиот Хуракан и младиот 19-годишен француски центарфор Отман Елауниа, кој доаѓа од младиот тим на англискиот премиерлигаш Бурнемаут каде на 21 куп – натпревар постигнал 15 голови.
До крајот на неделата ќе пристигне и 22-годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лукас Силва Сантос јуниор, како и уште неколку други играчи кои Бубања треба да ги види и да реши кој од нив ќе остане во клубот да му помогне во борбата за опстанок.
За 16-ти јануари е закажан првиот контролен натпревар со Шкендија во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА