Собослаи е во Ливерпул, ги мина лекарските прегледи, следува промоција

Доцна вечерва унгарскиот фудбалер Доминик Собослаи пристигна во Ливерпул, каде што се очекува вечерва или утре сабајле да биде промовиран за нов играч на „црвените“. Собослаи вечерва ги мина лекарските прегледи.

Целиот трансфер ќе чини 70 милиони евра, сума која ја има во клаузулата во договорот на Унгарецот кој доаѓа од Лајпциг, а претходно беше дел од Салцбург.

Тој ќе биде второто големо засилување за Ливерпул во летниот преоден рок. Првото беше Алексис Мекалистер од Брајтон. Јирген Клоп има намера да направи силен тим, со кој ќе ја врати титулата на „Енфилд“. Ливерпул идната сезона нема да игра во ЛШ, туку ќе мора да се задоволи само со Лигата на Европа.

Се вчитува...