Еден од најсилните и најдоследните играчи оваа сезона, Доминик Собослаи , не го криеше своето разочарување што Ливерпул повторно прими израмнувачки гол во доцниот натпревар против Тотенхем и ја пропушти шансата да влезе меѓу првите четири екипи во Премиер лигата.
По осми пат оваа сезона, тимот од „Енфилд“ прима гол во 90-тата минута или во продолжението. Секој од тие голови придонесува за загубени бодови и се подалеку од местата кои носат во Лигата на шампионите.
„Се чувствувам очајно. Треба да се разбудиме бидејќи ако продолжиме вака, ќе мора да се задоволиме со учеството во Конференциската лига. Не знам зошто се случува ова. Искрено, навистина не знам. Уште еднаш примивме гол во последната минута. Не знам колку пати се случило тоа“, рече Собослај.
Унгарецот му донесе водство на Ливерпул во 18-тата минута со уште еден гол од слободен удар, но Ришарлисон израмни во 90-тата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

