Собослаи: Модриќ е подобар од Пирло, Иниеста…, но не и од мене

Унгарската ѕвезда на Ливерпул, Доминик Собослаи прифати интересен предизвик да ги рангира најдобрите фудбалери за врска.

Од два понудени одговори тој го бираше својот фаворит. Се започна со изборот помеѓу Валверде и Куња кој падна на Уругваецот.

По неколку одговори на ред дојде Лука Модриќ, а Хрватот беше изборот пред Гатусо, Пирло, Инисеста и Де Брујне.

На ред дојде самиот тој по што следеше одговор низ смеа „Исти сме“.

Се вчитува...