Дербито на 3. коло од Премиерлигата му припадна на Ливерпул кој славеше со 1-0 против Арсенал во натпревар исполнет со возбудувања во кој победникот беше решен во второто полувреме.
За трите бода да останат на „Енфилд“ се погрижи унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи кој во 83. минута изведе перфектен слободен удар за кој Раја немаше никакво решение.
UP THE REDS! ✊🔴 pic.twitter.com/ELeGN89CrD
— Liverpool FC (@LFC) August 31, 2025
Со оваа победа Ливерпул се искачи на првата позиција на табелата и ќе остане таму до крајот на репрезентативната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

