Собрани 300.000 евра: Потрагата по Сала продолжува!

Семејството на Емилијано Сала соопшти дека благодарание на акцијата која ја покрена еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси а прифатена од сите искрени фанови ширум светот, собрани се околу 300.000 евра со што ќе се продолжи со приватна потрага по Аргентинецот кој пред една недела исчезна превезувајќи се со авион од Нант до Кардиф.

Од семејството на Сала отворено се заблагодарија на Меси потенцирајќи дека без неговото ангажирање немаше да бидат собрани толку средства. Па, сега сигурно ќе се продолжи со приватно финансирана потрага.

Како што е познато, пред два дена официјалните британски служби соопштија дека ја прекинуваат потрагата бидејќи речиси и да не постојат никакви шанси Сала и пилотот Дејвид Иботсон да се преживеани по рушењето на авионот во Англискиот канал. Потрагата претходно не ги најде остатоците од авионот и покрај тоа што наводно биле пронајдени делови од истиот.

Целокупната светска јавност бараше потрагата да продолжи посебно откако жители на островите од Англискиот канал презентираа докази за појавување СОС „димни сигнали“ од еден од островите токму во деновите кога и исчезна малото авионче со кое се превезуваше Сала.

Се вчитува...