Со 89 гласа за и без ниту еден против, попладнево беа усвоени промените во Законот за спорт во делот на ваучер-системот односно распределбата на парите во износ од 10 милиони евра, кои државата ги инјектира во македонскиот спорт на годишно ниво.
Измените на законот требаше да се случи пред две недели, кога мистериозно беше повлечен предлогот од седницата на Собранието и тоа само со неофицијални најави дека станува збор за техничка грешка.
Сепак, спортистите и спортските работници во Македонија ќе може да здивнат бидејќи и во следниот период ќе имаат државна помош.
„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели во објаснувањето на промените на Законот за спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

