Собранието на ФФМ го овласти Управниот одбор за нови буџети за засилени инфраструктурни проекти

Собранието на Фудбалската федерација на Македонија денеска го овласти Управниот одбор да утврди буџетска позиција со која ќе се финансираат инфраструктурни проекти преку кои и натаму ќе се засили развојот на фудбалската игра.

На Редовното годишно собрание беа усвоени извештајот за работа на претседателот и Управниот одбор на ФФМ, извештаите од правните органи и лиценцни тела на ФФМ, како и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2016-2026 за 2019 година. Изгласан беше и финансискиот извештај за 2019 година, како и буџетот за 2020 година.

Донесена е и нова регионалната поставеност и промена на организацијата на трети лиги и систем на натпревари. Од сезоната 2020/2021 Третата лига вклучува поделба на пет региони со пет трети лиги кои би броеле од 6 до 16 екипи, наместо досегашните шест лиги.

Се вчитува...