Откако во претходните години собранијата беа тензични и најчесто резултираа со барања за смена, овојпат се мина мирно, со усвојување на приложените предлози и документи на актуелното раководство на Кошаркарската федерација на Македонија.
Претставниците на клубовите членки на Собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година.
Освен тоа, со 23 гласови „за“, на годишното Собрание кое беше одржано денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на Собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/2021.
Претходно, претставницит ена клубовите ги усвоија записникот од Собранието одржано на 10.декември 2020 година, односно записникот од вонредното, дописно Собрание на федерацијата, кое беше одржано на 15.септември, 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА