Собранието на Ракометната федерација на Македонија закажано за 31. јануари од 12 часот во хотелот „Александар Палас“ ќе биде одржано под засилени мерки за заштита од коронавирусот.
Како што информираат од РФМ, пред влегувањето во хотелот Александар Палас ќе биде задолжително мерењето на температура, а ќе биде спроведено и тестирање за Ковид-19. Носењето маски ќе биде задолжително за целото време на Собранието, освен во моментите на говор пред делегатите на Собранието на РФМ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА