Сочуство и од клубот во кој играше Црногорецот Шаркиќ: Тотално сме скршени…

Светот на фудбалот го потресе веста за трагичната смрт на голманот на црногорската фудбалска репрезентација, 26-годишниот Матија Шаркиќ. Шаркиќ почина во саботата наутро во Будва, а веста ја објави лондонскиот клуб Милвол, клубот за кој настапуваше Матија.

„Милвол е целосно уништен што мора да објави дека Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст. Првиот голман на „лавовите“, забележа 33 настапи за клубот откако пристигна од Вулверхемптон во август 2023 година.  Репрезентативецот на Црна Гора, Матија гордо ја претставуваше својата земја во повеќе наврати. Сите вработени во клубот упатуваат пораки на љубов и сочувство до семејството и пријателите на Матија во овие моменти на неизмерна тага. Клубот во овој момент нема да коментира повеќе и апелира да се почитува приватноста на семејството на Матија“, стои во соопштението од Милвол. 

 

Се вчитува...