Олимписката шампионка во спуст, Италијанката Софија Гоџа ќе мора да го пропушти првиот дел од сезоната во aлпскиот светски скијaчки куп поради повреда на глуждот. Италијанската федерација соопшти дека најдобрата скијачка од оваа држава ќе се врати на скијањето дури во 2019 година.
Гоџа се надева дека ќе биде подготвeна за Светското алпско првенство кое во февруари наредната година ќе се одржува во Шведска.
Една од најсестраните скијачки на денешницата, минатата сезона ја заврши како чеtвртопалсирана во генералниот поредок, го освои и малиот кристален глубус за спуст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА