Софија Гоџа победничка на спустот во Алтенмарк

Италијанската скијачка Софија Гоџа е победничка на денешната спуст трка која се возеше во швајцарскиот ски-центар, Алтенмарк. Италијанката до победата стигна со време од 1:46.47 минута, што беше за само десет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Стефани Вение од Австрија.

Подиумот го надополни втората Италијанка, Никол Делаго која зад својата сонародничка заостануваше 34 стотинки. Водечката во генералниот пласман Микаела Шифрин не настапи и на денешната трка.

Утре на програмата во Алтенмарк е втората супервелеслаломска трка викендов.

 

Се вчитува...