Согласно препораките од СЗО: Спортот ќе биде без публика до јануари 2021!?

Поголемиот дел од европските фудбалски лиги се очекува да продолжат пред крајот на следниот месец, а стартот на активните тренинзи за екипите треба да продолжат на почетокот од мај.

Но, со оглед на тоталната непознаница до кога, реално, може коронавирусот да биде закана за светската популација, од Светската здравствена организација (СЗО) даваат препорака да не се избрзува и со враќањето на спортските натпревари. Односно, ако веќе истите продолжуваат да бидат уште неколку месеци без присуство на публика.

„Спорт медиасет“, токму врз основа на препораките на СЗО, тврди дека навивачи на стадионите во Европа нема да има до јануари 2021 година. Натпреварите ќе се играат зад затворени врати, а ќе бидат овозможени за далеку помали финансиски средства директни преноси буквално од сите спортски натпреварувања.

Владите на европските земји планираат што подолго одржување социјална дистанца, поради што како една од клучните одлуки ќе биде токму натпревари без присуство на публика.

Се вчитува...