Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано стигнаа до убедлив триумф на домашен терен од 5-1 против Кадиз во првиот натпревар од денешната понуда во 11. коло во шпанската Ла лига.
Македонскиот репрезентативец одигра уште еден солиден натпревар во примера, додека стрелци на головите за клубот од главниот град на Шпанија беа Палацон, Гарсија, Лехуен на два пати и Камељо. Единствениот погодок за гостите беше автогол Балиу во 82. минута откако на комичен начин беше погоден од страна на својот соиграч Лехуен кој беше стрелец на два гола за својот тим. За издвојување од натпреварот се и двата црвени картони кои ги заработија гостите Карселен во 42. и Алкараз во 61. минута, како и црвениот картон кој го доби домашниот фудбалер Нтека во 87. минута.
Со овој триумф Рајо останува на 10. позиција на табелата, но сега со 15 бода, додека Кадиз е претпоследен седум освени бода.
Rayo Vallecano 4 – [1] Cadiz CF – I.Balliu OG 82'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

