Соиграч на Чурлинов влезот во Премиерлигата го прослави со бакшиш од 10 илјади евра

Барнли за кој настапува и македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов следната сезона повторно ќе биде дел од англискиот фудбалски „крем“ откако оваа сезона на доминантен начин се избори за едно од првите две места на табелата и тоа на седум кола пред крајот на истата.

А, додека раководството на тимот крои планови за предизвикот кој следи во Премиерлигата, фудбалерите на Барнли ја прославија успешната сезона. Од нив најмногу се опушти голманот Аријанет Муриќ.

Репрезентативецот на Косово организирал голема забава во Минхен на која присуствувале негови пријтели и дел од соиграчите. Во клуб во центарот на градот 24-годишникот издвоил 36 илјади евра, а конобарката која го служела целата вечер добила бакшиш од 10 илјади евра, откриваат германските медиуми.

„Беа многу пристојни, одлично се забавуваа и направија супер атмосфера во клубот особено откако ги почестија сите со пијачка. И претходно имам добиено голем бакшиш, но никогаш толкав“, изјави конобарката за „Блид“.

Се вчитува...