Соиграч на Димитријевиќ МВП на 20. коло во Евролигата

Соиграчот на Ненад Димитријевиќ во Баерн Минхен, Андреас Обст е најкорисен играч (МВП) на 20. коло во Евролигата, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Кошаркарите на Баерн во средата ја совладаа Басконија (96-89) во дебито на нашиот кошаркар за клубот, а Обст на овој натпревар запиша 37 поени, три скока и две асистенции.

Тој имаше индекс на корисност 38. Обст ја освои оваа награда за прв пат во својата кариера.

Се вчитува...