Лоренцо Инсиње долго ќе го памети својот 29. роденден што го прослави во четвртокот, по неверојатниот подарок што асот на Наполи го доби од сопругата Џени.
Пред нивната куќа беше паркиран „Lamborghini Huracan EVO“, модел што чини 200.000 евра. Инсиње е вљубеник во брзи автомобили, а подарокот од сопругата развива 100 км/час за само 2,9 секунди и достигнува максимална брзина од 325 км/час.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА