Соиграч на Јокиќ бил нападнат од куче и се здобил со повреди на лицето и рацете

Кошаркаркарот на актуелниот НБА шампион Денвер нагетс, Арон Гордон доживеал тешка повреда откако по напад на куче се здобил со исеченици на лицето и раката, пренесуваат од клубот од Колорадо.

Тие дополнуваат дека Гордон во моментов е добар, но дека некое време ќе мора да биде надвор од терените.

„Арон Гордон се здоби со расекотини на лицето и раката како резултат на каснување од куче на 25. декември. Арон е во добра состојба и ќе остане далеку од тимот додека закрепнува“, се вели во соопштението од клубот. 

Се вчитува...