Соиграч на Миовски договори трансфер во Наполи

Италијанскиот првак Наполи, постигна конечен договор со Џирона за трансфер на левиот бек Мигел Гутиерез. Наполитанците ќе платат 18 милиони евра, плус 2 милиони евра како бонуси за играчот кој потекнува од младинските категории на Реал Мадрид.

Исто така договорени се личните услови со кои 24-годишниот шпански лев бек ќе потпише петгодишен договор. Наскоро Шпанецот патува во Италија на медицински прегледи.

Гутиерез одигра само девет натпревари за Реал Мадрид, а во 2022 година се пресели во Џирона, каде имаше добри настапи, што беше доволна препорака за трансфер во Серија „А“.

Се вчитува...