Соиграч на Миовски е решение за кризата на Ливерпул

Ливерпул не планира да троши пари на нови засилувања за одбраната за јануарскиот преоден рок, откако Јирген Клоп остана без Матип до крајот на сезонава, а во меѓувреме незгодни повреди заработија и левите бекови Робертсон и Џимикар.

„Црвените“ ги имаат Ван Дајк и Конате како први опции, а прва резерва е младиот Кванса, додека Џо Гомез служи како покритие за бековските позиции. Клоп сепак не е премногу загрижен, па планира само едно засилување, и тоа од постоечкиот играчки кадар. Рис Вилијамс е фудбалерот што Клоп сака да го врати на „Енфилд“, откако 22-годишниот дефанзивец на стартот од сезонава беше испратен на позајмица во шкотски Абердин, но тој не доби шанса за докажување во тимот на нашиот Бојан Миовски.

Вилијамс одигра само еден меч за шкотскиот премиерлигаш, и тоа во лига-купот, незадоволен е во Абердин, а и челниците на овој тим сакаат да го вратат откако тренерот Бери Робсон не најде соодветна улога во тимот за екс-фудбалерот на Ливерпул.

Станува збор за играч кој добиваше шанса пред две сезони кога повреден беше Вирџил ван Дајк, Клоп добро ги знае неговите квалитети, па германскиот стратег верува дека Вилијамс би му бил од помош доколку дојде до нова повреда во последната дефанзивна линија на „црвените“.

Се вчитува...