Штурм и Џирона играат без голови по првото полувреме на мечот од Лигата на Шампионите, а главен виновник за тоа е гостинскиот фудбалер Иван Мартин, кој пропушти стопроцентна шанса да го доведе шпанскиот тим во водство.
Хил испрати одлично додавање, голманот веќе беше совладан, а Мартин од два-три метри имаше лесна задача да ја смести топката во мрежата…. само што соиграчот на нашиот Бојан Миовски се посрамоти шутирајќи над гредата, за најголемото промашување во оваа сезона од Лигата на Шампионите.
Неверојатното промашување на фудбалерот на Џирона можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

