Елдор Шомуродов е изборот на Жозе Мурињо за нов напаѓач на Рома откако португалскиот стратег го потенцираше овој дел од тимот како еден од приоритетите за засилување на постоечкиот играчки кадар. Станува збор за играч кој минатата сезона му беше партнер на Горан Пандев во нападот на Џенова, а добрите партии на напаѓачот од Узбекистан му обезбедија и трансфер на „Олимпико“.
Управата успеа да му ја исполни оваа желба на Мурињо откако вечерва ги договори сите детали со Џенова. Претседателот Пречиози ја прифати понудата во висина од 20 милиони евра, а со оглед на фактот дека Шомуродов веќе ги договори личните услови, се очекува трансферот да биде официјализиран веќе утре, по што Узбекистанецот веднаш би се приклучил на тренинг кампот на „волчицата“ во Португалија.
Ангажманот на нов голгетер нема да значи и заминување на капитенот на Рома, кој според италијанските медиуми ќе остане и наредната сезона, но нема да потпише нов договор, туку во 2022 година како слободен играч ќе си замине од „Олимпико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА