Соиграч на Ристовски потврди дека тој заминува од Динамо Загреб

Стефан Ристовски по четири и пол години заминува од Динамо Загреб, откако македонскиот интернационалец летово ќе го напушти „Максимир“.

Разделбата ја потврди неговиот соиграч од Динамо Загреб, Јосип Мишиќ кој на социјалните мрежи се збогуваше од својот соиграч.

„Брате, 216 натпревари заедно! Трчавме, паѓавме, се боревме… Ти благодарам за секое додавање, секоја смеа, секоја битка. Заминуваш, но трагата останува. Лојалност, срце, братство – тоа си ти“, напиша Мишиќ. 

Се вчитува...