Роналдо веќе одигра четири натпревари во дресот на Ал-Наср, а во последниот натпревар против Ал Вехда го одигра својот најдобар меч по доаѓањето откако постигна дури четири гола.
Голем дел од неговите соиграчи ниту еднаш во кариерата немале шанса да играат со играч како што е Португалецот, а среднистот во клубот Жалоидин Машарипов го кажа својот став за „неверојатната плата“ која ја заработува Роналдо во клубот.
„Неговата плата не ни е важна. Имаме играчи на високо ниво во нашиот тим, но Роналдо е еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот. Се разбира, добива многу пари, но тоа го заслужува“, изјави Машарипов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

