Соиграчот на поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумиликоски од редовите на чешкиот Словачко, Францис Коне е вистински фудбалски супермен. Човекот во осумгодишна своја кариера спасил дури четири животи на фудбалските терени, а последниот пред само една неделан на дуелот меѓу Словачко и Бохемианс во Чешка.
ПОСТОЈАНО РАСИСТИЧКИ ГО НАВРЕДУВАА, ПА МУ АПЛАУДИРАА
Фудбалерот од Того, кој е напаѓач во Словачко, во текот на последниот дуел против Бохемианс беше навредуван од домашните навивачи на расистичка основа при секој негод допир со топката.
Но, одвратните повици од трибините набрзо беа заменети со овации откако Коне му го спаси животот на нивниот голман. Мартин Берковец при еден судар со свој соиграч остана непокретен да лежи на терен.
„Видов дека другиот играч мрда и не се загрижив за него, но на голманот очите му се превртија. Успеав веднаш да му ја отворам устата и да му го извлечам јазикот. Ме гризна, но тоа нема врска. Кога видов дека ќе биде добро, станав и се повлеков“ – рече Коне, кој доби пофалби од лекарските табори на двата тима.
„Не сме ние Усеин Болт па на време да стигнеме до секунда. Уште мора да чекаме и судијата да ни допушти да тргнеме. Секоја чест за Коне за тоа што го направи. Реално, му го спаси животот“ – рече докторот на Бохемианс, Мартин Вавра.
ПРВПАТ СПАСИЛ ЖИВОТ НА 18 ГОДИНИ
Коне во својата кариера досега играл за шест различни клубови, а на 18 години стигнал на Тајланд. За време на вежба во теретена, негов соиграч паднал во несвест. Коне тогаш експресно реагирал и му го спасил животот…
„Едноставно тоа го работам инстинктивно. Некои не можат, но мене мислите ми се веднаш како да помогнам да не се задуши. Друга таква ситуација имав и во Африка. На пријателски натпревар мој соиграч се судри со противнички голман и остана да лежи. Тогаш ми беше најтешко. Играчот беше во несвест, телото му се згрчи и не можев никако да му ја отворам устата. Но успеав со судни маки и потоа му ги ослободив дишните патишта. Третиот пат исто така беше во Африка“ – вели Коне.
Интересно е дека таткото на Коне, Махаман го гледал последниот натпревар на Словачко со Бохемианс. Коне е херој во Чешка во моментов…
„Не можеме да излеземе на улица било каде а некој да не не застане и поздрави. Навистина сум горд на својот син“ – вели таткото на Францис Коне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА