Манчестер Сити вчера официјално објави дека дефанзивецот Кајл Вокер потпиша нов договор со клубот до 2026 година. Пред само неколку недели, Вокер беше на излезна врата од клубот, а сега информацијата дека ќе продолжи на „Етихад“ е помалку изненадувачка.
Вокр бил незадоволен од минутажата, и бил подготовен на заминување. Баерн Минхен веќе го договори неговото доаѓање, меѓутоа на крајот се реши да остане.
Пеп Гвардиола зборуваше што е тоа што го премислило Вокер да остане.
„Направивме се што можевме да го задржиме. Не само јас, туку и сите во клубот, но потоа се случи нешто посебно што не се случува така често. Соиграчите му кажуваа дека не може да оди, не го пуштаа. Мислам дека тогаш сфати колку го сакаат тука и каков статус има, и сигурен сум дека тоа пресуди“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

