Соиграчите од репрезентацијата го убедуваат Енцо Фернандез да оди во Атлетико

Дел од соиграчите на Енцо Фернандез во репрезентацијата на Аргентина меѓу кои и Хулиан Алварез, Родриго де Пол, Анхел Кореа и Нахуел Молина почнаа кампања за убедување на играчот од средниот ред на Челси да го напушти Лондон и да замине во Атлетико Мадрид.

24-годишниот фудбалер направи трансфер во Лондон за 106 милиони фунти пред две години, но имаше многу осцилации во играта. Сепак, проблем за Атлетико ќе биде токму обесшетувањето, кое ќе биде огромно, со оглед дека има договор до 2031 година. Затоа Челси ќе бара барем 100 милиони фунти за да размисли дали ќе се согласи на трансфер.

Исто така шпанските медиуми пишуваат дека зделката е невозможна, со оглед дека Енцо е среќен во Челси, и засега нема намера да размислува за заминување.

Се вчитува...