Соиграчот на Елмас го има голот на сезоната во Серија „А“ (ВИДЕО)

Голот на фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацхелија во мечот со Аталанта, е прогласен за најдобар во Серија „А“ за сезоната 2022/23 година. Грузиецот доби додавање од Осимен, и мина три играчи на Аталанта, по што постигна во горниот агол. Наполи го доби натпреварот со 2-0.

Тимот од Неапол стана првак на Италија, првпат после 33 години. Соиграчот на Елмас забележа 42 меча во сите натпреварувања, и постигна 14 голови и запиша 17 асистенции. Токму од тука од раководството ќе добие тројно поголема плата.

Се вчитува...