Многумина се сомневаа во одлуката на Аурелио де Лаурентис по заминувањето на Кулибали во Челси да биде доведен Ким Мин Џае, корејскиот интернационалец од редовите на Фенербахче како нов командант на одбранбената линија под водство на тренерот Спалети. Нецела година подоцна, се гледа дека„наполитанците“ целосно го погодија овој трансфер, но се очекува Ким да остане кратко во Неапол бидејќи сериозен интерес за овој одличен дефанзивец веќе покажаа неколку клубови.
Проблемот за Наполи е што во договорот со корејскиот ас има клаузула што го ослободува за нецели 50 милиони евра. Иако станува збор за повеќе од двојна заработка во однос на парите инвестирани пред 12 месеци, „наполитанците“ сакаат да го задржат Ким, но се чини дека фудбалерот веќе решил да си замине и да се пресели во Премиер-лигата.
Како што јаввуаат италијанските медиуми, Манчестер Јунајтед ќе биде новиот клуб на овој фудбалер, откако разговорите со Тен Хаг вродиле со плод и Ким самиот решил кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“. Воопшто нема да треба да се преговара со Наполи бидејќи планот на Јунајтед е да се активира клаузулата, а според истите извори останува да се договорат уште неколку детали меѓу Јунајтед и фудбалерот, по што Ким најдоцна до почетокот на јуни ќе потпише петгодишен договор со „црвените ѓаволи“.
Тен Хаг планира да продолжи со шопингот во италијанската Серија А, па високо на неговата листа со желби се наоѓа Адриен Рабио, францускиот играч за врска на Јувентус кој летово ќе стане слободен играч по истекот на договорот со „старата дама“ и би можел без никаква отштета да се пресели на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

