Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец, Стојанче Стоилов, е лауреат во изборот на Сојузот на спортови на град Скопје во сениорска конкуренција како најдобар спортист за изминатава 2017 година. Тој со РК Вардар ја освои европската титула во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата избори учество на ЕП во Хрватска. Во младинска конкуренција, признанието му припадна на каратистот Петар Заборски.
Наградата за најдобар спортист – странец му припадна на голманот на РК Вардар, Арпад Шетрбик, а најдобар тренерот е ракометниот стратег на вардарци и селектор на машката репрезентација, Раул Гонзалес.
Поголем дел од признанијата им припаднаа на „вардарци“, а меѓу лауреатите се и каратистот Дејан Недев и автомобилистот Игор Стефановски – Иџе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА