Пливачот маратонец Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска годинешните лауреати во изборот на Сојузот на спортови на Скопје за наградата „13 Ноември“. Поп Ацев го освои првото место на светската ранг листа во маратонско пливање, додека Симона Заборска годинава оствари пласман на второ место на Универзијадата во Португалија, како и трето место на Младинските олимписки игри во Азербејџан.
Наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер ја доби Билјана Црвенковска, која минатата сезона беше дел од стручниот штаб на европскиот ракометен првак, а РК Вардар очекувано е прогласен за најдобра екипа.
Посебни признанија за животно дело добија Александар Домлевски, Андреја Јовановски, Димче Јосифовски, Ѓорѓи Ајановски-Џоџо и Иван Лесевски. За поддршка на спортотот му беше доделено и признание на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА