Кошаркарскиот клуб Соколи една победа го делеше од долгопосакуваниот пласман во елитата на македонската кошарка завршувајќи ја минатата сезона на третото место.
Штипјани во новата сезона ќе имаат доста потешка задача да се пласираат на прволигашката сцена со оглед на најавеното намалување на бројот на прволигашки места, но за успех во амбициите во новата сезона ќе имаат шампионски сјај со засилувања од овосезонскиот освојувач Маџари.
Станува збор за плејмејкерот Александар Тодоров и центарот Милан Милков кои официјално им се приклучија на капитенот Никола Караколев, Атанас Костадинов и Петар Коцев во „сино-белиот“ дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

